20:58 - 6 април, 2026

„Видов надеж“: Илина Арсова откри зошто се врати од Америка во Македонија

Илина Арсова ја откри вистината зошто се врати од Америка во Македонија, каде што Универзитетот во Тенеси работеше како професор на одделот за кинезиологија, рекреација и спорт и беше на докторски студии.

– Јас се вратив од Америка во Македонија зашто видов надеж. Сите овие мали победи кои се случуваа летово, мала победа на Дошница, мала победа Љубојно, мала победа Вардариште.

Тоа е еден убав момент на здрава, освестена критична маса која мене ми влева надеж дека ние со една иста мисла да си ја зачуваме и заштитиме мајката природа што живот ни дава.

Можеме да си ја направиме нашава земја и да ни е прекрасно место за живот, да не мора да си ги напуштаме гнездата и дедовините и бабовините за да бараме подобар живот. Ние можеме прекрасен живот да имаме – рече познатата планинарка и уметник во поткастот „Фенеркаст“.

– Американците ми се чини ме доживуваат како херој. Ми даваат епитет рок-ѕвезда или „бадас“, што се термини што се користат за некому да му дадат комплимент и почит за огромно достигнување. Универзитетските журнали и портали повремено пишуваат за моите достигнувања, кои некако сега земаат нов академски тек – рече Илина во интервјуто за „Слободен печат“ во 2023 година.

 

Слични објави

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо

Дали е безбедно да се пие вода наточена пред еден ден? Стручњаците го имаат одговорот

Т.Ц.

(Фото) Иста како мама: Ретка слика на Кате од „Соната“ со ќерката Ана

msp-admin

Кеба се расплака среде емисија, Ѓорѓе Давид го тешеше: „Ме скрши на парчиња“

Еспресо
Се вчитува....