2.8 C
Скопје
16:53 - 17 декември, 2025

(Видеоинтервју) Кики Лесендриќ: „Кога заврши војната мислев дека никогаш повеќе нема да свирам, колегите ме наговорија да се вратам“

Фронтменот на легендарната рок-група „Пилоти“, Кики Лесендриќ, гостуваше во Скопје и по тој повод снимивме ексклузивно интервју за „Слободен печат“. Непосредно пред почетокот на концертот додека неговите колеги од бендот ги вклучуваа инструментите и почнуваа да се појавуваат нивните најверни фанови, го почнавме разговорот со Кики, кој како и вообичаено со широка насмевка зборуваше за својата кариера, за големите хитови кои обележаа една ера, за спомените од настапите во Македонија, соработките со некои од најголемите музичари на екс-југословенската сцена, но и за тоа што подготвува за публиката во иднина.

Лесендриќ не ја криеше возбудата пред повторната средба со македонската публика. Во саботата, тој заедно со својот бенд настапи во „Јавна соба“ во Скопје, каде што отсвирија концерт исполнет со емотивна енергија и добро познати песни што не губат на вредност и после толку години.

Како што самиот вели првата асоцијација на Македонија му се убавите девојки, а од македонските песни омилена му е култната „Македонија“ од Дадо Топиќ и групата „Тајм“.

Кики Лесендриќ – Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

– Најубавите девојки беа од Македонија, и можеби од Истра, но Македонките секогаш беа насмеани. Прекрасни луѓе има во Македонија, ние имаме толку многу пријатели тука од моето време, од 80-тите па до ден-денес. Мала земја, но претопла, тоа се наши браќа и јас се чувствувам тука како дома и тоа е секогаш така – го почна Кики разговорот и додаде:

– Сум работел со Тоше, подготвуваме еден интернационален албум, а јас бев задолжен за некои од песните. За жал тоа не се реализираше, сите знаеме зошто. Инаку од македонските песни, од времето кога бев дете ја сакав „Македонија“ од групата „Тајм“.

Кики Лесендриќ – Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Кики се потсети и на своите почетоци во музиката и на моментите кога мислел дека нема никогаш повеќе да свири.

– Снимивме два албуми 81/82 година, па потоа отидов во војска и кога се вратив бев малку посериозен. Го снимивме албумот „Као птица на мом длану“, кој беше голем хит во 87-ма. До почетокот на војната беше супер, многу албуми, многу свиревме и никогаш не размислував колку ќе трае тоа. Тогаш во деведесеттите, кога сето тоа почна, отидов во Јужна Африка, па во Грција мислејќи дека никогаш повеќе нема да свирам. Сепак подоцна снимивме уште еден албум и до ден-денес работам таму, во Атина со грчки пејачи, а тогаш мислев дека ќе бидам само композитор. Ме наговорија Бајага, Ѓуле од „Ван Гог“, Џоле Балашевиќ, Жељко Јоксимовиќ, Брега … и некако пак почнав да пеам. Тоа почна во 2008 и ете сè уште трае – раскажува за својот музички пат Лесендриќ.

Интервјуто со Кики Лесендриќ имате можност да го погледнете во целост на јутјуб-каналот на „Слободен печат“.

Слични објави

Како Станија Добројевиќ ги заработи парите за луксузниот пентхаус? Откриена вистината за имотот од 150.000 евра!

Еспресо

Орландо Блум ја „спушти“ Кети Пери по раскинувањето: „Сега си барам партнерка со пари и со стил“

Еспресо

„Подготвена за Божиќ“: Бресквица покажа дека е вистинска домаќинка, еве како се снаоѓа во кујна

Еспресо

(Фото) Новогодишна бајка: Тамара Тодевска му направи магична роденденска прослава на синот!

Еспресо

Три месеци по породувањето: Александра Пријовиќ откри како ќе се справи со првото одвојување од ќеркичката Арија

Еспресо

(Видео) Голема неправда за Игор Џамбазов во еден многу тажен момент

msp-admin
Се вчитува....