7.8 C
Скопје
21:16 - 1 април, 2026

(Видео) Вуди Ален направи романтична драма за бракот и љубовта во искушение

Американскиот режисер, глумец и комичар Вуди Ален следниот месец во Атина ќе го промовира својот нов, 50. филм „Coup de Chance“.

Проекцијата, којашто ќе ја претстави самиот режисер, ќе се одржи на 8 септември во „Сине Аегли“, кино на отворено во рамки на 29. Меѓународен филмски фестивал во грчкиот главен град.

Филмот „Coup de Chance“ (Удар на среќата) говори за важната улога на случајноста и среќата во животот. Фани (ја глуми Лу де Лаж) и Жан (Мелвил Пупо) изгледаат како идеална брачна двојка, и двајцата се професионалци, живеат во прекрасен стан во ексклузивен кварт во Париз и се чини дека се вљубени исто како кога првпат се запознале. Но, кога Фани случајно ќе налета на Ален (Нилс Шнајдер), поранешен другар од средно училиште, сѐ добива неочекуван тек.

– Ова е мојот 50-ти филм. Беше голема привилегија да се снима во Париз и голема чест да се претстави во Венеција, изјави американскиот режисер.

Иако филмографијата на Вуди Ален (87) е неизбежно поврзана со Њујорк, и француската престолнина отсекогаш била посебно место за режисерот, па последниот филм е целосно снимен на француски јазик.

– Јас навистина не зборувам француски и разбирам уште помалку, но кога го завршив сценариото, помислив дека би било одлично искуство да го направам тоа на француски јазик. Отсекогаш сум бил вљубен во европската и француска кинематографија, а кога им предложив на моите продуценти да снимаме на француски, тие беа воодушевени, вели режисерот Ален.

 

Слични објави

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо
Се вчитува....