20:30 - 2 април, 2026

(ВИДЕО) Украинка пред да побегне во скривница, ја пеела партизанската песна за командантот Сава Ковачевиќ

Украинската уметница, солистка на украинскиот воен оркестар, Маргарита Мелешко, ја отпеала песната „Командант Сава“ непосредно пред да мора да се повлече во засолништето. Маргарита ја отпеала партизанската песна во јавувањето за црногорскиот портал Антена М.

Песната ја извела со својот колега Јарослав Џус, кој свири на украинскиот национален инструмент бандура. По песната таа требала да испрати видео во кое зборува за моменталната состојба во нејзината татковина, но сепак не успеала.
„Еве ја песната, како што ветив. Сега ни рекоа дека мораме да одиме во скривница, кога ќе можам ќе ви испратам видео од ситуацијата во Украина“, напишала таа за црногорскиот портал.

Песната „Командант Сава“ е за Сава Ковачевиќ, кој бил убиен од фашистите во Сутјеска во 1943 година. Песната е многу популарна во редовите на украинската армија и Маргарита често ја изведувала со воениот оркестар и хор.

Слични објави

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо
Се вчитува....