22:11 - 4 март, 2026

(Видео) Татко ми почина пред мојот концерт, а морав да пеам по погребот на мајка ми: Благоја Грујовски си ја отвори душата

Благоја Грујовски си ја отвори душата за најтешкиот период од неговиот живот и сосема искрено раскажа што морал да направи во тие моменти.

Фолк-пејачот раскажа многу интимни моменти, а еден од нив е загубата на татко му, познатиот музичар Мате Грујовски, како и загубата на мајка му.

-Тие беа тешки моменти во мојот живот, но јас ги прифатив такви какви што се, затоа што тоа го носи животот. Еден ден, секој мора да се соочи со тоа, загуба на родител.

Татко ми почина 20 дена пред мојот солистички концерт кој беше во ек на подготовки. Не беа тоа лесни моменти, но јас се фокусирав, знаев дека тоа ќе биде и негова желба тој концерт да успее. Му го посветив на него и навистина тоа беше еден од моите најубави спомени во животот.

По неколку години почина и мајка ми. Јас веќе 2-3 дена по погребот требаше да настапам некаде, на некој концерт како еден од учесниците, и не сакав да бидам тој што ќе откаже. Така што, човек треба да биде стабилен и силен во тие тешки моменти.

Лесно е да сме силни кога е сѐ убаво, нели? И кога е тешко на душата, треба човек да биде стабилен и прибран- рече пејачот во подкастот „Кафе муабети“ на „Гламур магазин“.

Слични објави

Луна Ѓогани и сопругот се враќаат во Србија откако беа „заробени“ на Малдиви: „Време е да здивнеме“

Еспресо

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ се „топи“ покрај својот сопруг: Тој ја бакнува и ја држи за трудничкиот стомак

Еспресо

Сопругот на Сузана Манчиќ дојде од Грција во Белград на неколку часа: Водителката откри што правеле 

apostolova

„Рекоа: Подобро ти земи ја“: Огњен Амиџиќ откри како ја запознал Мина и со што го освоила

apostolova

(Фото) Дали ова е најжешкиот хрватски спот досега! Нивес Целзиус во долна облека и подвески во прегратка на Дино

Еспресо

(Фото) „Бебешкото креветче стигна“: Едита Арадиновиќ покажа како ги минува трудничките денови

Еспресо
Се вчитува....