Поп-ѕвездата Лејди Гага беше во саботата вечер принудена да го прекине концертот во Сиднеј откако еден од нејзините танчари се лизна и падна од сцената поради силниот дожд.
Инаку, танчарот што падна е Мајкл Дамески, со потекло од Прилеп.
View this post on Instagram
Инцидентот се случил на втората вечер од нејзината етапа во Сиднеј во рамки на нејзината светска турнеја „The Mayhem Ball“.
„Стоп, стоп! Штотуку имавме несреќа на сцената“, извика пејачката откако танчарот се лизна и падна на сцената.
View this post on Instagram
Сепак, и покрај непријатната ситуација, настапот беше паузиран само пет минути, а за тоа време публиката ја бодреше пејачката додека другите танчари мирно стоеја на сцената и чекаа сигнал дека е безбедно да продолжат со понатамошна кореографија.
Кога Мајкл Дамески имал шест години, се пријавил на својот прв натпревар по танц „Австралискиот танчар идол 2001“ (The Australian Dance Idol 2001). Без никаква формална обука за танц, Дамески се пласирал меѓу првите 10 на натпреварот. Потоа, се обучувал во училиштето за танц „Гленда Ји“ кое се наоѓа во Касула, Нов Јужен Велс. Подоцна, Дамески се обучувал во студијата „Брент стрит“ во Мур Парк, Нов Јужен Велс, каде што му била дадена можност да ја претставува Австралија на Светското првенство за сценски уметности во Лос Анџелес. На овој настан, тој освоил злато во секоја категорија во која учествувал и вкупно наградата „Јуниорски светски танчер“. Во 2013 година ја освоил титулата „Австралиски танчар на годината“ на „Showcase Australian Dance Championships“ продуцирано од Австралиецот Питер Оксфорд (основач), по што Дамески ја освоил титулата „Rainbow Dance“ на САД во Лас Вегас.
Дамески бил гостин на детскиот фестивал за пеење „Златно славејче“ во Македонија, каде што снимил песна напишана специјално за него со наслов „Еден танц“. Премиерно се претставил и на „Свет на танцот“ (World Of Dance) на Ен-би-си.
Дамески во 2018 година се појавил во втората сезона на американското ТВ-шоу „Свет на танцот“ во кое завршил како второпласиран, каде што со своите извонредни кореографски способности ја воодушевил светски познатата пејачка Џенифер Лопез.
Тогаш тој својата кореографија на песната „Lay Me Down“ од Сем Смит им ја посветил на своите баба и дедо од Македонија.
„Оваа кореографија има специјално значење за мене затоа што им ја посветувам на моите неверојатни баба и дедо. Преселувањето на другата страна од светот за да ги следиш твоите соништа носи многу тешки моменти, а за мене еден од нив е што не можам да ги видам моите баба и дедо онолку често колку што посакувам. Јас сум ова што сум поради нив“, напишал тој на Инстаграм.
Во февруари 2025 година, Дамески беше претставен како главна машка улога во музичкото видео за песната „Abracadabra“ на Лејди Гага.
View this post on Instagram
Дамески тогаш ја сподели возбудливата вест на својот инстаграм-профил, објавувајќи фотографија со светски познатата пејачка, како и краток сегмент од видеото.
„Кога сонот ќе стане реалност“, напишал тој во описот на објавата, споделувајќи го своето воодушевување од проектот.
View this post on Instagram
Дамески се појави и во „Шоуто на Елен Деџенерис“.
Денес, Дамески живее во Лос Анџелес, Калифорнија, каде што успешно ја гради својата кариера како танчар, кореограф и изведувач.
View this post on Instagram
