0.8 C
Скопје
17:06 - 16 декември, 2025

(Видео) Стојне Николова се расплака среде емисија и едвај проговори, загубата на овој човек ја скрши

Со солзи во очите, Стојне Николова проговори за својата голема животна загуба која ѝ се случила кога била многу млада.

Станува збор за нејзиниот татко, кого Стојне го загубила кога имала само 16 години.

„Јас мислам дека тој би се гордеел со мене и со моите браќа“, рече познатата фолк пејачка во емисијата „Животна приказна“, а потоа се расплака и не можеше да продолжи подолго време.

Во најавата на оваа емисија, Стојне зборува дали би ја сменила својата професија поради партнер и рече дека за многу работи ѝ е криво.

Фото / Инстаграм

– Еден ден требаше да ме носи на настап. Се случи тоа што се случи. Дојде дома и само рече дека му е лошо и тука пред нас падна од креветот и толку беше. Го однесовме во болница, но таму ништо не можеше да се направи. Мозочен удар како гром од ведро небо – рече Стојне претходно во поткастот на Стефан Лазаров.

– Татко ми беше најважниот човек во мојот живот. Мојот идол, човекот кој живееше за мене, живееше за моите браќа. Едноставно, беше многу среќен што јас влегувам во музичките води – додаде пејачката.

Слични објави

(Фото) Извршители пристигнале во домот на Венди: Се степала со продавачка на пазар, не ја исплатила судската казна

Еспресо

(Фото) Анџелина Џоли ги покажа лузните од остранувањето на градите: „Го споделувам ова со жените кои ги сакам“

Еспресо

Луна Ѓогани открива дали би простила неверство во бракот

Еспресо

Маркијан убавецот е многу среќен: Мајката на Ребека емотивно за внукот

apostolova

(Фото) Јована Јеремиќ се надмина себеси: Провокативна, секси и во топ форма!

Еспресо

Емотивна објава од која течат солзи: Ана е неутешна по Сара

msp-admin
Се вчитува....