08:26 - 9 ноември, 2026

Маркијан убавецот е многу среќен: Мајката на Ребека емотивно за внукот

Емотивна објава за внукот Маркијан сподели Роза Катиновска, мајката на пејачката Ребека Јанковска- Ристески и водителката Хелена Роза која живее во Нов Зеланд.

Маркијан е првото дете на Ребека и на Милан Ристески кој е лекар, и боледува од ретката болест, туберозна склероза. Родителите и целото семејство посветено се грижат за ова момче, кое сега има 19 години.

Бабата на Маркијан, познатата ТВ спикерка Роза Катиновска, сподели слика од својот внук во Венеција и напиша: „Маркијан убавецот во Венеција. Многу е среќен кога патува“. Ребека и Милан Ристески имаат уште два сина, близнаците Доротеј и Макариј кои имаат 12 години.

Фото / Фејсбук

Пејачката и претседателка на здружението „Дајте ни крилја“, на својот син му упати специјална честитка за роденденот во ноември:

-19 години. Искачивме многу планини, а нè чекаат уште. Ви благодариме на честитките. Им благодариме на сите добри луѓе кои на некаков начин помогнаа за да стигнеме ние и Маркијан до тука. Слава на Бога- напиша Ребека.

Ребека и Хелена со мајката Роза Фото / Фејсбук

Слични објави

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova
Се вчитува....