15:29 - 30 јануари, 2026

(ВИДЕО) Стиховите ги напишал во војска, а песната ја отпеал за неродениот син: Една од најубавите балади крие неверојатна приказна

Легендарниот кантавтор и пејач Кемал Монтено со сопругата Бранка бил во брак повеќе од 40 години. Се запознале кога тој имал 18, а таа 16 години.
Тоа било љубов на прв поглед. Од првиот ден биле заедно, а нивната врска била една од најстабилните на медиумската сцена на поранешна Југославија. Тие меѓусебно се почитувале и никогаш не се разделиле.

Кемал ја запознал Бранка сосем случајно, на прошетка низ Сараево. Тој веќе запловил во пејачките води, а тогашен хит му била песната „Лидија“. Кога се запознале, Бранка не знаела кој е, и како што изјавила за еден медиум, нејзина другарка ѝ кажала дека Кемал е пејач. Тие почнале да се забавуваат, а кога тој во 1970 година заминал во војска, Бранка често го посетувала. Таму Кемал го напишал неговиот голем хит „Једне ночи у децембру“ и го посветил на девојката со која се забавувал во тој период.

-Во октомври 1970 година заминав во војска и додека бев на стража на една кутија од цигари филтер 57, многу популарни во тоа време, ја напишав првата строфа од песната. Кога завршив со стражата отидов кај еден новинар и тој беше воодушевен од моите стихови „Једне ночи у децембру, кад је била хладна зима, чувао сам тебе Бранка, чувао сам нашег сина.“

-Следниот ден продолжив со пишувањето. Зборовите сами доаѓаа, имав неверојатна инспирација. Песната ја споделив со војниците во касарната и набрзо сите ја потпевнуваа. Бидејќи се наближуваше роденденот на мојата Бранка, одлучив оваа песна да ѝ биде роденденски подарок. Таа била воодушевена кога го добила писмото со напишаната песна и често ми кажува дека тоа ѝ бил најубавиот роденденски подарок во животот – откри пејачот за Вечерњи лист.

Интересно е што тогаш тие уште немале син, а тој во песната пеел за него. Како голем обожавател на италијанскиот поп пејач Џани Моранди, секогаш велел дека ќе му го даде на синот неговото име.
Кога се вратил од војска во април 1971 година со оваа песна освоил втора награда од публиката на фестивал во Суботица. „Једне ночи у децембру“ за кратко време станала голем хит – за само две недели биле продадени повеќе од 100.000 плочи.

Кратко потоа Кемал и Бранка стапиле во брак и за време на нивната долгогодишна љубов добиле две деца, ќерката Андријана и синот Џани.

 

Слични објави

Душица Јаковљевиќ потврди дека Мина и Каспер влегуваат во „Задруга 9 Елита“: Откри детали за нивната врска зад камерите

Еспресо

(Фото) Зорана доби луксузен автомобил од вереникот: Вака изгледаше изненадувањето во Мајами!

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството Гудељ: Балони, конфети и емотивна порака – „Избрав пат што никогаш не би го менувал!“

Еспресо

(Фото) Како грчка божица: Нина Бадриќ ги остави сите без здив во бел свилен фустан

Еспресо

Едита Арадиновиќ има здравствени тегоби во бременоста: „Сѐ ме снајде, само уште вода во колената немам“

Еспресо

(Фото) Безобразно позира: Ѓина Џиновиќ во тесен фустан со прорез ги истакна бујните атрибути

Еспресо
Се вчитува....