12.8 C
Скопје
13:02 - 24 март, 2026

(Видео) Спектакуларен концерт во чест на Оливер Драгојевиќ: Повеќе од 20.000 луѓе пееја во чест на музичарот

Концертот во чест на големиот музичар се одржа во неговата Вела Лука, а покрај бројните колеги музичари, концертот не сакаа да го пропуштат ниту голем број граѓани.

Помина четврта година откако го нема Оливер Драгојевиќ, но ниту Вела Лука ниту Хрватска, секако ниту Балканот, не го заборавија.

20.000 луѓе дојдоа во Корчула на спектаклот во чест на Оливер, и ја пееја секоја песна. Концертот во чест на споменот на Оливер Драгојевиќ беше отворен во петокот вечерта во Вела Лука со композицијата „Траг у бескрај“, во прекрасна инструментална верзија.

За музичката магија и овој пат се погрижи продуцентот Анте Гело, кој заедно со диригентот Алан Бјелински донесе оркестар од 70 музичари заедно со бенд кој ги придружуваше пејачите во ноќта со измешани емоции, пренесува глорија.

Покрај младите пејачки сили, на сцената пееја и најголемите и најпознати музички бардови како Дорис Драговиќ, Петар Грашо, Теди Спалато и Зорица Конжа, кои ги откажаа своите летни комерцијални настапо тој ден за да му оддадат почит на големиот Оливер.

Слични објави

„Нe сум родена да живеам сама“ – ексклузивна исповед на Ана Бекута

E.A.

(Видео) Елена Велевска проговори за децата: Секогаш навивам за син ми

msp-admin

„Ти Станија не треба да бидеш пример на девојчињата“ – Понижувањето кое старлетата го доживеа во емисијата на Сања Маринковиќ и денес се прераскажува

E.A.

Миро Кацаров во прегратка на двете деца, посебна слика на водителот со Тадеј и Миа

msp-admin

„Тогаш Бог почнува…“: Лазиќ ноќеска објави снимка од дворот во Брестач

E.A.

Живеевме заедно со Ивона Јо: Тамара Волческа се отвори за несогласувањата со пријателката

msp-admin
Се вчитува....