23:13 - 2 април, 2026

(Видео) Шварценегер со порака од Аушвиц: „Ајде заедно да се бориме против предрасудите и да ставиме крај на нив еднаш засекогаш“

Филмската легенда Арнолд Шварценегер го посети поранешниот нацистички логор Аушвиц, кадесе сретна со преживеан од Холокаустот и неговите роднини за да испрати порака против предрасудите и омразата.

принтскрин

Актерот од „Терминатор“ ги виде касарните, караулите и остатоците од гасните комори кои сведочат за нацистичкото истребување на Евреите за време на Втората светска војна.

Запознал и жена која како 3-годишно девојче била подложена на експерименти на озлогласениот нацистички лекар Јозеф Менгеле.

„Ова е приказна која мора да остане жива, приказна која мораме да ја раскажуваме повторно и повторно“, рече тој по неговата посета на поранешниот логор. „Ајде заедно да се бориме против предрасудите и да ставиме крај на нив еднаш засекогаш“, изјави 75-годишната холивудска ѕвезда.

Неговата прва посета на локацијата во јужна Полска, област под германска окупација за време на Втората светска војна, се случи како дел од неговата активност со Фондацијата Еврејски центар, чија мисија е да се бори против омразата преку образование.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....