05:39 - 6 април, 2026

(Видео) Шакира паѓа ниско со загрижувачки гест: Семејството на Пике загрижено поради нејзината злонамерност

Светските медиуми и јавноста со денови зборуваат за новата песна на Шакира која таа му ја посвети на поранешниот сопруг Жерар Пике во која го прозва.

По серијата „препукувања“ по хит песната во јавност меѓу поранешните сопружници, пејачката сега повторно го нападна фудбалерот, но овој пат преку неговата мајка.

Имено, Шакира поставила кукла-страшило што личи на вештерка во нејзиниот двор, и тоа поставена така да гледа во семејната куќа на Пике. Поточно, овој недобронамерен гест е насочен сега кон неговата мајка.

Нејзиниот потег го загрижи семејството на Пике.

Покрај тоа, од нејзината куќа постојано „ечела“ нејзината нова песна која му ја посветила на бившиот партнер во која го напаѓа не само него туку и неговата нова девојка.

Да потсетиме, Шакира и Пике ја раскинаа врската во средината на 2022 година. Двојката има два сина Милан (9) и Саша (7).

 

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....