12:01 - 31 јануари, 2026

(Видео) Шакира ја напушти сцената поради обожавател кој буквално ѝ „се пикна“ под здолништето

47-годишната колумбиска пејачка Шакира, која ги покажуваше своите препознатливи танцови движења на сцената во ЛИВ Мајами додека танцуваше на нејзиниот нов сингл „Солтера“, забележала дека еден од обожавателите ја снима движејќи ѝ го телефонот колку што е можно поблизу, односно право под фустанот на пејачата. Таа застанала накусо, го повлекла надолу и онака краткиот фустан и со гестови му покажала на обожавателот дека видела се, по што се симнала од бината во салата, пишува Метро.

Пејачката потоа продолжила да танцува во ВИП зоната пред да се врати назад кон непознатите обожаватели и да замавне со раката.

Фановите на интернет реагираа на постапката на гледачот.

„Луѓето се одвратни“, „Ова е навистина разочарувачко однесување. Уметниците заслужуваат почит и приватност, и на сцената и надвор од неа. Неопходно е да се обезбеди безбедна средина за сите“, „Шакира не може ни да ужива и да танцува на сопствената песна“, „Ги мразам мажите, целосно забранете вакви мажи во клубовите“, „Неверојатно е како некои момци можат сами да го претворат прекрасното искуство во целосен кошмар со нивните морничави вибрации“, пишуваат фановите на Шакира во коментарите.

Еден очевидец за таблоидот изјавил дека во реалноста не било толку драматично како што изгледа на видеото.

Уште во јуни, Шакира рече дека не е сосема подготвена за „официјална врска“, но навести дека нема да има ништо против романтична авантура.

Уметницата тешко ја раскина врската со фудбалерот Жерар Пике. Двојката беше заедно 11 години, а добија два сина – Саша и Милан. Пејачката и спортистот раскинаа во 2022 година.

Жерард ја изневери Шакира со неговата сегашна девојка и поранешна вработена кај него, Клара Чиа, која е 20 години помлада од пејачката.

Слични објави

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо
Се вчитува....