14:29 - 12 ноември, 2026

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Северина на Инстаграм го одбележа 14. роденден на својот син Александар, објавувајќи емотивно видео – компилација од снимки што го следат неговото растење од раѓање до денес. Станува збор за црно-бело видео со низа интимни моменти, од првите насмевки и чекори до заеднички игри, а дел од материјалот досега не бил јавно објавен. Видеото го придружи со трогателна порака.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

„Четиринаесет години… откако првпат здивна, а јас првпат сфатив колку срцето може да сака“, напиша пејачката на почетокот. Потоа се осврна на тешките периоди, алудирајќи на долгогодишните предизвици и јавни битки со кои се соочувала. „Минав низ бури само за да те прегрнам и низ тишини во кои одѕвонуваше само твоето име. И сѐ би направила повторно“, додаде таа, нагласувајќи колку ѝ значи синот.

Пораката ја заврши со желба да го заштити од грубоста на светот што и самата ја почувствувала: „Кога настана оваа песна, ти не го познаваше светот како мене… И се надевам дека никогаш нема ни да го запознаеш така. Среќен 14. роденден, сине мој.“

Објавата брзо предизвика бројни реакции од следбениците и колегите од естрадата. Во коментарите се редеа честитки, емотивни пораки и зборови на поддршка, а многумина ја истакнаа нејзината сила и посветеност како мајка.

Слични објави

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.
Се вчитува....