4.8 C
Скопје
11:49 - 21 декември, 2024

(ВИДЕО) Серијата во која глуми Зеленски не се прослави многу кога излезе, а сега се нудат милиони за откуп

Прво стигна една, па уште една, па 20 – малата агенција од Стокхолм минативе неколку дена беше преплавена со понуди за откуп на телевизиска серија во која еден професор по историја случајно станува претседател на Украина, а го глуми Володимир Зеленски.

„Имаме многу работа, многу компании ги бараат правата за прикажување“, изјави косопственикот на Eccho Rights Никола Содерлунд од неговата канцеларија во шведската престолнина.
Од почетокот на руската инвазија врз Украина телевизиските куќи како британскиот Channel 4, грчката ANT1 и романската PRO TV побрзаа да се придружат кон оние што веќе ги откупија правата за „Слуга на народот“, серијата што за прв пат беше прикажана во 2015 година во Украина.

„Мислам дека минатата недела потпишавме околу 15 договори и во преговори сме со уште 20 држави“, рече Содерлунд.

„Меѓу последните преговори се и со Латинска Америка и со Нетфликс, САД, но има многу заинтересирани“. Во Италија за правата се борат четири медиумски куќи, додека во Грција серијата веќе се прикажува и тоа во ударниот термин.

„На некој начин тоа е чин на солидарност со Украина, а истовремено е и љубопитност, сакате да видите кој е тој“, рече Содерлунд за Зеленски.

Меѓународниот статус на украинскиот претседател порасна после руската инвазија поради неговата неуморна одлучност и покрај нападите.

Содерлунд го запознал Зеленски пред 10 години кога развивал телевизиска емисија во која обични граѓани се обидуваат да насмеат комичари, концепт кој подоцна е продаден во Виетнам, Кина и Финска.

„Бев на ручек со него во Киев. Имаше толку многу луди и смешни идеи“, се присетува Швеѓанецот.
Во тоа време беше незамисливо дека тој „смешен комичар, многу популарен и омилен кај публиката“ ќе стане главна мета на рускиот претседател Владимир Путин и светски лидер кој зборува од името на целата нација.

„Ни требаше херој како него после Трамп и таа ситуација“, изјави извршниот директор на Eccho Rights.

Во серијата со три сезони Зеленски глуми професор во средно училиште кој станува претседател откако еден од учениците тајно ќе го сними неговиот бесен монолог за корупцијата во Украина и снимката ќе стане вирална. Серијата потоа го лансираше Зеленски во претседателската канцеларија и во вистинскиот живот.

„Тој често зборуваше дека во САД актерите одамна стануваат претседатели“, се сеќава Малмборг.
Од продукциската куќа во последно време не разговараат со украинскиот претседател, туку со неговите претставници.

Деталите за откупот на правата за прикажување на серијата се доверливи, но се знае дека чинат околу милион евра.

Продукциската куќа вработува околу 40 луѓе во Стокхолм, Лондон и Истанбул и донираше 50.000 евра за украинскиот Црвен крст, а планира да донира уште повеќе.

Слични објави

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо

Хороскоп за 21 декември: Овните се оптоварени со љубовта

Еспресо

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо
Се вчитува....