6.8 C
Скопје
02:34 - 31 март, 2026

(Видео) Селин Дион плачеше на премиерата на нејзиниот филм: „Ова е љубовно писмо…“

– Не ми се верува колку сум богата што имам толку прекрасни обожаватели во мојот живот – изјави Селин на премиерата на нејзиниот документарен филм.

Во Њујорк се одржа премиерата на документарниот филм „I Am: Celine Dion“ (Јас сум, Селин Дион), кој го следи животот на познатата пејачка и нејзината борба со тешката болест.

Музичката дива боледува од редок синдром на вкочанета личност од 2022 година.

– Не ми се верува колку сум богата што имам толку прекрасни обожаватели во мојот живот – изјави Дион и се расплака по премиерата.

– Вашето присуство на моето патување беше подарок. Вашата љубов и поддршка ме туркаа напред низ сите проблеми – изјави емотивната пејачка, а пренесува 24sedam.

Таа покрај на своите фанови, им се заблагодари и на своите деца и на својот тим.

– Секако дека никогаш немаше да застанам пред вас доколку ја немав поддршката и љубовта од моите деца – истакна таа и додаде:

– Ви благодарам на сите од се срце што бевте дел од моето патување. Овој филм е љубовно писмо до сите вас.

Филмот ќе биде достапен на стриминг сервисот Prime Video од 25 јуни.

Погледнете како беше на премиерата:

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....