05:56 - 13 април, 2026

(Видео) Се снимаше како модел во ептен краток фустан: Елена Велевска има што да покаже

Елена Велевска изненади со многу провокативно видео, откако се снимаше во ултра краток црвен фустан од свила кој ги истакнува нејзините облини.

Фото / Инстаграм

Фолк-пејачката е снимана кај стилистка во Охрид, каде што порано живееше и каде што и понатаму живее нејзиниот поранешен сопруг.

Фото / Инстаграм

– Згодна секси дама, секогаш елегантна и достоинствена, ти си ремек дело – се дел од коментарите кои ги доби под ова видео.

Таа потоа споделила фотографија на својата инстаграм-приказна како ужива во вкусна храна во ресторан во Охрид.

Но, споделила и инстаграм-приказна посветена на своите три деца од цитат кој вели: „Најдобриот дел од мојот живот ме вика мама“.

За потсетување, Велевска од бракот со Марјан ги има децата: Софија, Калија и Марко.

Фото / Инстаграм

– Многу е тешко да наметнеш нешто ново, поинакво. Јас пред 15 години направив работи кои дотогаш никој не ги направил. Понудив нешто поинакво, од музика до видеоспот, песните кои ги промовирав во тоа време се слушаат до ден-денес. Сама си го наметнав тоа и така функционирам до ден-денес, сакам да сум поинаква и јас сум сама на себеси конкуренција најголема – рече Велевска во едно интервју за „Слободен печат“.

 

 

Слични објави

(Видео) Цеца Ражнатовиќ подготви богата велигденска трпеза – пејачката ја покажа семејната атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо
Се вчитува....