7.8 C
Скопје
21:24 - 31 март, 2026

(Видео) Се налути д-р Врчаковски и отворено го искритикува „Макфест“: Тоа е огромна неправда!

Се налути д-р Миодраг Врчаковски кој е инаку и наш познат текстописец и отворено го искритикува фестивалот „Макфест“ на својот фејсбук-профил. Фестивалот годинава прослави 40-годишен јубилеј, а на последната вечер се пееја легендарните хитови.

Фото/ Фејсбук

Врчаковски видеото кое го сними го нарече: „Финална вечер на Макфест, ВЕЧЕР НА НЕПОЗНАТИ АВТОРИ!“, а во него, снимајќи се со песните кои биле големи хитови изминативе 40 години, тој рече:

-Драги мои пријатели, ја следам финалната вечер на нашиот легендарен фестивал „Макфест“, и знаете ли што ми падна во очи?

Во официјалните најави, никаде не се споменуваат ниту композиторите, ниту авторите на текстовите, ниту аранжерите. Каква уметничка деградација! Огромна неправда е тоа.

Тоа не се дела создадени од изведувачите, од пејачите. Зад нив стојат моќни личности кои жртвувале дел од себе за да создадат песни што ќе ви ги подарат вам. Песни што ќе се пренесат во вечноста, песни што ќе го пребродат времето.

Огромна неправда е тие автори да не се споменуваат. Никогаш, ама никогаш не смеете да ја повторите таа грешка – рече д-р Миодраг Врчаковски, татко на познатиот рапер Раде Врчаковски-Врчак.

Целото видео можете да го видите ТУКА. 

Фото/Фејсбук

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....