02:44 - 3 април, 2026

(Видео) Поротата застана на страната на Гвинет Палтроу, глумицата го доби судењето: Што му шепна на докторот на заминување

Актерката Гвинет Палтроу (50) и пензионираниот лекар Тери Сандерсон (76), кој ја тужеше затоа што го удрила додека скијал во 2016 година, повторно се сретнаа.

Додека Палтроу ја напушташе судницата во Јута како победничка и за 1 долар побогата (исходот од судењето), таа го допрела рамото на Сандерсон и неочекувано му шепнала.

„Ти посакувам се најдобро“, му рекла актерката на Сандерсон, според видеото до кое дојде The Post.

Тери Сандерсон ја тужеше Гвинет Палтроу за, како што тврди, скијање „целосно надвор од контрола“ и го удрила на падините во одморалиштето Deer Valley во Парк Сити, Јута. Тој рече дека повредите резултирале со трауматска повреда на мозокот и побара над 300.000 долари отштета од Палтроу во граѓанска тужба.

Палтроу, пак, изјавила дека таа не ја предизвикала несреќата и дека Сандерсон ја удрил одзади.

Поротата застана на страната на актерката. Тие пресудиле дека Сандерсон е виновен и ѝ доделиле на Гвинет симболична отштета од еден долар што ја барала во противтужбата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....