ИМА НЕКОЈА ТАЈНА ВРСКА…
Обработката на песната ултимативната химна на групата ЕКВ ,,ПАР ГОДИНА ЗА НАС” ја направи ЃОРЃЕ ДАВИД со неговиот бенд, а снимија и спот. Овие денови е актуелен, поставен е на јутјуб и има многу прегледи.
Зошто токму оваа обработка? Ѓорѓе Давид објаснува:
„ОВАА ПРИКАЗНА ЗАПОЧНУВА ВО 1994. НА 5-ТИ НОЕМВРИ БАШ НА МОЈОТ РОДЕНДЕН YU ГРУПИТЕ ЕЛЕКТРИЧЕН ОРГАЗАМ,ПАРТИ БРЕЈКЕРСИ И МОЈАТА ТОГАШНА ГРУПА ИМАВМЕ ГОЛЕМ КОНЦЕРТ ВО СПОРТСКАТА САЛА ВО МЛАДЕНОВАЦ,СРБИЈА. СЕ РАДУВАВМЕ ЗАТОА ШТО ТОА БЕШЕ СОБИР НА ОДЛИЧНИ БЕНДОВИ,ПРЕПОЛНА САЛА И ЗНАЕВМЕ ДЕКА ЌЕ ИМА ОДЛИЧНА ЖУРКА,НО НАЖАЛОСТ ПОСЛЕ ВТОРИОТ НАСТАН НА ЕДЕН ОД БЕНДОВИТЕ СЕ ПОЈАВИ СЕГА ПОКОЈНИОТ ДУШАН(ДУЛЕ) ЕРЦЕГОВАЦ КОЈ БЕШЕ МЕНАЏЕР НА БЕНДОТ ЕКАТЕРИНА ВЕЛИКА,А И ГЛАВЕН ОРГАНИЗАТОР НА ТОЈ НАСТАН СООПШТИ ДЕКА МИЛАН МЛАДЕНОВИЌ САМО ШТО ПОЧИНАЛ. ОРГАНИЗАТОРИТЕ И ШЕФОВИТЕ НА БЕНДОВИТЕ РЕШИЈА ДА НЕ ГО ПРЕКИНАТ КОНЦЕРТОТ ТУКУ ДА ПРОДОЛЖИ ВО НЕГОВА ЧЕСТ И ТОА ДА ГО КАЖЕМЕ. ДВАЕСЕТ И ОСУМ ГОДИНИ ПОДОЦНА КОГА ГО СЛАВАМ СВОЈОТ 58МИ РОДЕНДЕН СЕ СКЛОПИЈА КОЦКИТЕ ТАКА ДА ОД АЛБУМОТ КОЈ ГО ПРАВИМЕ СО ОБРАБОТКИ НА ЕКС ЈУ ПЕСНИ ДА БИДЕ ОБРАБОТЕНА И УЛТИМАТИВНАТА ХИМНА НА ЕКВ ,,ПАР ГОДИНА ЗА НАС”.
Од мај се барало режисер, сценариот, тон, но добиените предлози не им се допаднале.
– СЕ ДО МОМЕНТОТ КОГА СЕ ПОЈАВИ ВУК ПРОТИЌ ХАЛУЏА КОЈ ИЗЛЕЗЕ СО СВОЈА ИДЕЈА И СЕ ПОКАЖА ОДЛИЧНА. ИМА НЕКОЈА ТАЈНА ВРСКА ДЕФИНИТИВНО КОГА СЕ ПРАВАТ НЕШТАТА СО МНОГУ ДОСТОИНСТВО, ПОЧИТУВАЊЕ, ВНИМАНИЕ КОН ВЕЛИКАНИТЕ КОЈ ВОСПИТУВАЛЕ МНОГУ ГЕНЕРАЦИИ,А ЕДЕН ОД НИВ Е МИЛАН МЛАДЕНОВИЌ КАКО АВТОР, додава Ѓорѓе Давид.
Реакциите се многу позитивни, иако е многу тешко за ваква химна кога се обработува да се долови позитивна рокенрол емоција, а на голема радост на бендот – успеале.