5.8 C
Скопје
01:22 - 1 април, 2026

(Видео) Никол Кидман се расплака на премиерата на новата серија: „Сè е во ред, но…“

никол кидман

Никол Кидман доживува нови врвови во кариерата.

Минатиот месец беше прогласена за најдобра актерка на фестивалот во Венеција за улогата во филмот „Babygirl“, а во исто време пристигна серијата на Нетфликс „The Perfect Couple“ („Совршен пар“) во која таа ја толкува главната улога. Серијата брзо дојде на врвот на топ-листата на гледаност.

Денес пак почнува прикажувањето на серијата „Lioness“ на стриминг платформата Парамаунт+, во која главната улога ја има Никол.

Покрај тоа, беше објавено дека нејзиниот нов филм ќе биде „Скарпета“, базиран на книгата на Патриша Корнвел, во која таа ќе глуми заесно до Џејми Ли Кертис.

Меѓутоа, сите овие успеси, не ѝ носат доволно среќа на глумицата.

„Би сакала мајка ми е да тука. Се е во ред од деловна страна, но би сакала таа да е тука“, изјави Кидман на црвениот тепих на свечената премиера на серијата „Lioness“ во Лос Анѓелес, за The Hollywood Reporter:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman)

Додека зборуваше дека чувствата моментно ѝ се помешани, очите ѝ се наполнија со солзи.

Потсетуваме, мајката на Никол Кидман, Џанел ел Кидман, почина ненадејно минатиот месец додека глумицата беше на фестивалот во Венеција, поради што и порано се врати во САД и не можеше да си ја земе наградата.

„Во шок сум и морам да му се вратам на моето семејство, но оваа награда е за мојата мајка. Бескрајно сум благодарна што пред сите вас можам да го изговорам нејзиното име. Судирот на животот и уметноста е срцепарателен, а моето срце е скршено“, рече тогаш Никол.

За The Hollywood Reporter, на премиерата на новата серија, глумицата додаде:

„Не е лесно, одам по тежок пат, но се држам“.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....