11.8 C
Скопје
10:06 - 23 март, 2026

(Видео) Не престанува прогонството на жените во Иран – маж истури јогурт врв две жени без хиџаб

Иранските власти денеска издадоа налози за апсење на две жени, откако видеото беше вирално на кое се гледа како маж ги полева со јогурт затоа што не носат хиџаб.

Инцидентот се случил во градот Машхад, во време кога шефот на иранското правосудство се заканувал дека „безмилосно“ ќе ги гони жените кои ги игнорираат строгите правила во земјата за покривање на главата, пренесува британски Телеграф.

На видеото се гледаат мајка и ќерка на шалтер во продавница.

Мажот, кој забележал дека не носат хиџаб, влегол во продавницата и се соочил со нив, а потоа им истурил јогурт.

Властите издадоа налози за апсење на две жени бидејќи, како што тврдат, „извршиле забрането дело“ со симнување на нивните шамии.

Распишана е и потерница за напаѓачот под обвинение за навреда и нарушување на мирот, објави веб-страницата за правда Мизан онлајн.

 

Слични објави

(Видео) Елена Велевска: Јас сум најодговорната мајка, децата ми се разбрани

Еспресо

(Фото) „Ме замоли да го направам тоа, ветив, не знаев…“ Дарко Лазиќ сподели трогателна објава за својот покоен брат Драган

Еспресо

Хороскоп за 23 март: Вагите ќе поттикнат креативна љубопитност, Стрелците ќе ги контролираат емоциите

Еспресо

Кралицата Камила се почести со „нови“ веѓи, ги платила 1700 евра

Еспресо

„Не е во нивна сопственост“: Ана Николиќ и Рале се иселиле од куќата на Авала, еве каде живеат сега

Еспресо

Гвинет Палтроу за ноќта на Оскарите: Не можев да одам во тоалет, мораа да ме „зашијат“ во фустанот

Еспресо
Се вчитува....