9.8 C
Скопје
10:26 - 11 март, 2026

(Видео) Најгледана снимка од синоќа: Флоренс Пју погодена во глава, уф ова ужасно боли!

Холивудската актерка Флоренс Пју е последната во низата ѕвезди која доживеа несреќа на јавен настан, кога во главата беше погодена од предмет фрлен од толпата. Прославената 27-годишна актерка присуствуваше на промоција на „Дина: Втор дел“ во Сао Паоло, Бразил заедно со нејзините колеги Зендаја, Остин Батлер и Тимоти Шаламе во моментот на инцидентот.

Флоренс Пју остана запрепастена и шокирана по ударот, како и нејзините колеги, а судејќи по нејзиниот израз на лицето, ударот бил болен.

Таа е погодена во глава во мигот кога заедно со екипата од филмот позирале пред фотографите на бината.

Снимката од случката кружи на социјалните мрежи, всушност е најгледана во моментов – за неполни 12 часа е прегледана речиси 2,5 милиони пати. Реакциите на јавноста се главно осудувачки кон оној што го фрлил предметот кон бината, а повеќето се шокирани од потегот.

Не е познато дали младата актерка била намерна мета или случајно била погодена. Сепак, се претпоставува дека се работи за целен напад бидејќи ваквите инциденти практично станаа тренд, во претходните месеци беа погодени и Ари Ленокс, Тејлор Свифт, Хари Стајлс и Пинк.

Слични објави

Џина Џиновиќ избега од Дубаи па објави сексапилно видео во мини бикини

apostolova

Дојдов дома во три и пол сабајле: Наум Петрески откри боемска приказна

msp-admin

„Дрон падна на 600 метри од зградата, сега почнувам од нула“: Ќерката на Ѓоле Ѓогани за ужасот во Дубаи

Еспресо

Хороскоп за 11 март: Девиците да избегнуваат ризични деловни одлуки, Скорпиите ќе започнат нова врска

Еспресо

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо
Се вчитува....