01:42 - 3 април, 2026

(Видео) Меган Маркл и принцот Хари заедно на црвениот тепих: Војвотката воодушеви од изборот на фустан

Меган Маркл и принцот Хари синоќа се појавија на црвениот тепих во Јамајка на премиерата на филмот „Боб Марли“.

Парот зачекори рака под рака на црвениот тепих. Меган беше исклучително елегантна во црн топ (маичка) и широко здолниште во иста боја со макси должина. Таа ја собра косата наназад во ниска пунџа, а на лицето имаше дискретна шминка. Хари пак, одеше покрај неа во темно одело без вратоврска.

Двојката долго време не е забележана заедно на црвениот тепих. Минатата недела, принцот присуствуваше на доделувањето на наградите „Живи легенди на воздухопловството“ во Беверли Хилс, каде што му беше врачен медал.

Меган го пропушти настанот затоа што едно од нивните деца настинало, па останала дома.

 

 

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....