14:15 - 3 април, 2026

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Пејачката Стојне Николова го раскажа најголемиот трач кој го слушнала за неа. 

Фолкерката гостуваше во емисијата „Магазин“ на ТВ Сител, каде отворено зборуваше за гласините и предрасудите со кои се соочила на почетокот од кариерата.

Во разговорот, Николова се присети на периодот кога пред околу една деценија се преселила во Скопје, откривајќи дека уште тогаш кружеле разни шпекулации за нејзиниот приватен живот. Како што раскажа, се ширеле приказни дека била мажена, разведена и мајка на две деца – нешто што, како што нагласи, било апсолутно неточно.

„Се збореше дека сум била мажена, па разведена со две деца. Викам, добро, кога успеав на 21 година и да се омажам, и деца, и да се разведам?“, изјави пејачката низ смеа.

Стојне рече дека со текот на времето научила да се носи со нив, и сега низ насмевка ги слуша.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)

Слични објави

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо
Се вчитува....