6.8 C
Скопје
09:14 - 1 април, 2026

(ВИДЕО) Маскиран маж во инвалидска количка ја „нападна“ „Мона Лиза“ со торта

Снимката снимена во „Лувр“ во Париз покажува лице со кармин и перика кое бара од луѓето „да мислат на планетата“ откако го „нападна“ најпознатиот портрет на светот.

Мажот маскиран во стара госпоѓа во инвалидска количка, одеднаш станал од количката и го намачкал заштитното стакло пред сликата на Да Винчи со торта.

Еден сведок рекол дека лицето потоа продолжило „да ја размачкува тортата на стаклото и да фрла рози насекаде пред да биде фатено од обезбедувањето“.

Фотографиите од Мона Лиза намачкана со торта станаа вирални и покрај фактот што тортата всушност е намачкана на стаклото кое е поставено како заштита на делото на Леонарда Да Вични во музејот Лувр.

Според исказите на сведоците, сторителот бил маж во инвалидска количка кој носел перика. На изненадување на другите присутни, тој одеднаш станал и се приближил до сликата, фрлајќи ја тортата кон неа.

Одговорните за безбедноста на музејот го исфрлиле човекот од просторијата, додека останатите присутни продолжиле да ја фотографираат ситуацијата.

Сликата не била оштетена бидејќи била заштитена со сигурносно стакло.

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....