19:11 - 5 април, 2026

(Видео) Марија Шерифовиќ го посети Мустафа кој живееше под мост: Му платила стан и храна за цела година

Марија Шерифовиќ го посети уличниот пејач од Зеница, Мустафа Хрустиќ, кој спиел под мост и го расплакала од среќа со подарокот.

Имено, Марија одлучила на Мустафа да му плаќа кирија за стан во кој го сместила и тоа да го прави цела година поточно до крајот на август следната 2024 година.

Му дала и пари на неговата жиро сметка, за да има за пристоен живот, а го однела и во најубавиот ресторан во градот каде што во иднина ќе добива бесплатни оброци.

– Мустафа е прекрасно момче, вакви примери сигурно има илјадници, но ако успеавме барем малку да му го подобриме и олесниме животот, среќни сме…- при изјавата за српските медиуми, пејачката се фатила за срцето и покажала кон небото.

Инаку, на Јутјуб се појави снимка со уличниот пејач Мустафа Хрустиќ од Зеница кој до неодамна – до пред да ја сретне Марија – немаше дом туку живееше под мост. Мустафа е многу талентиран пејач, но немал услови да излезе на сцена, ниту да се пријави во „Ѕвездите на Гранд“. Неговата животна приказна, како што објаснува сама Марија, толку многу ја погодила што се зафати на мисија да го најде човекот и да му помогне.

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.
Се вчитува....