7.8 C
Скопје
10:58 - 1 април, 2026

(Видео) Легендарните улоги на Том Сајзмор: По овие сцени секогаш ќе го памтиме

Том Сајзмор, американски актер познат по улогите во филмовите „Спасување на војникот Рајан“ и „Црниот јастреб“, почина на 61-годишна возраст, објави неговиот менаџер.

Да потсетиме, Сајзмор падна во својот дом во Лос Анџелес на 18 февруари, а лекарите констатираа дека имал мозочен удар.

Сајзмор стана глобално познат во 1990-тите, по серија улоги на „тврдо момче“, обично војници, полицајци или криминалци.

Сајмор глумеше и во филмовите „Natural Born Killers“, „Перл Харбор“ и „Жештина“, во кои ги играше детективот Џек Скагнети, односно наредникот Ерл Сестерн, а во „Жештина“ – Мајкл Шерит.

Во филмот “Saving Private Ryan” ќе остане запаметен по улога на наредник од прва класа, Мајкл Хорват.

Освен по славните улоги, на светот му беше познат и по проблемите со нароктиците, а беше во затвор поради семејно насилство.

Тој, исто така, беше предмет на две тужби за сексуално вознемирување на работното место, поврзани со шоуто на CBS од 2002 година „Разбојништво и убиство“.

Тој во мемоарите од 2013 година напиша дека успехот го претворил во „разгалена филмска ѕвезда“, „арогантна будала“ и „зависник од надежта за умирање“.

„Водев интересен живот, но не можам да ви кажам што би дал за да бидам момче за кое ништо не знаете“, напиша Сајзмор.

Слични објави

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....