6.8 C
Скопје
09:52 - 1 април, 2026

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Тимот на Утринската програма на Канал 5, „Здраво Македонијо“, имаше посебна причина за славење. Водителката Јелена Спенџарска и уредникот Роберт Јанков имаат роденден на ист ден.

Наместо класични честитки, славениците решија да ги стават своите колеги на „жешкото столче“ и отворено да ги прашаат што најмногу им се допаѓа кај нив, а што најмногу ги нервира.

Колегите не штедеа зборови за енергичната Спенџарска. Александра Пановска – Илиевска призна дека Јелена знае да внесе мала тензија пред почетокот на емисиите кога се доцни со гостите, но потенцираше дека таа е мајстор на својот занает.

„Дури и на тој што мислиш дека нема што да раскаже, Јелена и те како знае да му извади приказна и да го направи тоа да биде брилијантно“, вели Пановска-Илиевска.

За Бисера Ловачева, Јелена е синоним за добра забава и професионализам, дури и кога е целосно неспремна. Таа откри дека Спенџарска може да тера муабет со часови со гостинот, дури и ако првпат го гледа во моментот на седнувањето во студио.

Од друга страна, за уредникот Роберт, неговите колешки имаа интересни забелешки. Вера Мештеровиќ низ смеа искоментира дека понекогаш тој треба повеќе да ги слуша жените, бидејќи тие секогаш се во право. Милена Антовска – Станковска, пак, додаде дека Роберт е исклучително толерантен и знае да се шегува на своја сметка.

Директорот Иван Мирчевски упати сериозни пофалби за неговата работа во изминатите пет години.

„Научивме заедно да се разбираме дури и со поглед. Тој е единствениот маж во нашата редакција, нѐ чува сите и е многу добар пријател“, рече Мирчевски..

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....