19:49 - 5 април, 2026

(Видео) Ќерката на Наташа Беквалац објави емотивно видео од родителите: „Јас сум најголемиот папучар на светот“

Ќерката на пејачката Наташа Беквалац и поранешниот ватерполист Данило Икодиновиќ, Хана, ја разнежи јавноста со емотивно видео на ТикТок.

Таа објави компилација од најубавите моменти на своите родители – венчавката, раѓањето на детето и нивната семејна среќа.

Најголемо внимание привлече изјавата на Дача, кој јавно призна колку бил среќен во бракот со Наташа.

„Јас сум најголемиот папучар на светот, но истовремено и најсреќниот. Благодарен сум што мојата жена ме избра мене да ѝ бидам маж,“ изјави тогаш Икодиновиќ.

@hanaikodinoviicA love letter to mommy and daddy from me🫀

♬ original sound – hana ikodinovic

Додека Хана потсетува на убавите моменти од минатото, јавноста го следи и приватниот живот на нејзиниот татко. Данило неодамна се разведе од одбојкарката Маја Огњеновиќ.

Двајцата, според медиумите, се разделиле мирно. Маја се вратила во Италија поради спортските обврски, додека Данило останал во Белград. Таа од социјалните мрежи ги избришала речиси сите заеднички фотографии, оставајќи само една како потсетник на убавите моменти од нивниот брак.

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.
Се вчитува....