По цели 14 години, ќерката на водителката Ели Танасковска се врати од Канада со своето семејство, а водителката ја откри вистинската приказна.
– Симона почна да оди интензивно во Канада 2009, 2010 година. Кога ја направи свадбата и кога замина, дел од моето срце мислам дека ми остана на аеродром. Кога знаете дека вашето дете е среќно, кога знаете дека е таму со тој што го сака, дека таа отиде таму поради љубов, се омажи за тој што го сака.
Но, никогаш нема да е со вас, ниту на роденден, ниту на слава ниту на свадба. И вие постојано трчате да го фатите тој период од шест или седум часа временска разлика за да не ѝ пречите и за да бидете заедно. Тоа беше еден период на разделби, на состаноци, на чекања.
Тоа траеше до минатата година, 14 години и повеќе. Симона замина од овде со политички студии, одличен студент беше, сакаше да запише постдипломски, но хендикеп беше што го знаеше италијанскиот јазик, а во Канда никој не бара италијански јазик. На првиот момент рече дека ќе се врати, дека многу тешко ѝ оди, и јас се качив на авион и веднаш отидов таму.
Се запишавме, тоест јас ја запишав на универзитетски англиски. Влеговме заедно во еден мол со познати брендови, менаџерот беше од Пакистан и јас му реков дека иако Симона не го знае многу добро англискиот брзо учи и многу лесно ќе ѝ оди проджбата, и го замолив да ја вработат.
И тоа така и беше. Симона ги научи трите модели на интервју кои јас ѝ ги кажав напамет и го доби работното место – рече Ели во емисијата „Животна приказна“. Потоа, ќерка ѝ работела во банка на највиsока позиција. Инаку, Симона има две ќерки.
– Се врати во еден период, кога по короната многу работи се сменија во целиот свет. Сакаше да види каква ќе биде можноста во Македонија, а јас сум една од тие што ѝ велев да дојде. Не дојде сама, дојдоа со уште неколку семејства, млади брачни парови, сите беа успешни во Канада. Мислам дека не зажалија, ниту таа, ниту тие – рече познатата новинарка и водителка.
