12:02 - 5 декември, 2025

(Видео) Како реагираше ќерката на Серена Вилијамс кога ѝ кажаа дека ќе стане сестричка

Поранешната американска тенисерка Серена Вилијамс на почетоков на мај, на „Мет галата“ откри дека е бремена по вторпат, па сега покажа и како реагирала ќерка ѝ Олимпија кога дознала дека ќе има брат или сестра

–  Се трудев да не го сфаќам ова лично, бидејќи отсекогаш сум била посветена на тренинзите, но сепак се прашував дали навистина сум се здебелила, вели Вилијамс на почетокот на видеото.

Во следниот кадар тенисерката, седи со сопругот Алексис и девојчето во дневната соба… Славната мајка потоа ѝ се обраќа на петгодишната Олимпија:

– Се сеќаваш ли кога ни побара сестра или брат? Неодамна отидовме на лекар и испадна дека сепак не сум дебела, туку имам бебе во стомакот. Ќе станеш „дадичка“.


Девојчето прво ја прегрна својата мајка, па почна да вика и да трча низ собата. Во еден миг, се чини, падна на земја…

– Преживеа ли?, ја прашува татко ѝ.

Малечкото кусо одговори: – Добро сум.

Потоа продолжија со славењето и смеата.

Слични објави

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо
Се вчитува....