26.8 C
Скопје
15:36 - 8 октомври, 2026

(Видео) Јелена Карлеуша смета дека Владо Георгиев е „ужас“ поради негова изјава во македонско шоу

Јелена Карлеуша го нарече Владо Георгиев „ужас“, поради едно негово телевизиско гостување во Македонија.

Црногорскиот пејач во гостувањето во шоуто „Старс“ на телевизија Канал 5 разговараше на тема што е за него вистинска дама.

„Вистинска дама е онаа која не филозофира многу, која не се прави дека го испила сиот памет на овој свет, и која е пријатна, која е топла, која има убава енергија, која убаво се однесува, која не ја мести устата кога се слика.  Дама е нормална девојка всушност, нормална жена.
Филозофирање е всушност манипулација. Погледни ги блогерките што зборуваат по мрежите, тоа е едно чудо глупости“, ѝ рече тој на водителката Ивана Јанковска.

Видеото го сподели Јелена Карлеуша која остро го нападна:

„Во име на сите жени што овој несреќен мизогинист постојано ги навредува и омаловажува во своите јавни настапи, апелирам до сите медиуми да го забранат и осудат овој вид мизогинија! Живееме во време кога жените се жртви на секаква форма на насилство, а фемицидот е на рекордно високо ниво. Владо Георгиев со години покажува отворено непочитување кон жените во секое интервју што го имал, ИАКО ЖИВЕЕ ОД ЖЕНИ, тие го плаќаат со купување билети за неговите претежно пијани концерти каде што тој исто така ги изговара најстрашните навреди кон жените од сцената помеѓу песните. Жените мора да го кренат гласот против ваквите појави и да ги казнат. Можеби според него, жена која има свое мислење е ‘НЕПОТРЕБНА ФИЛОЗОФИЈА И МАНИПУЛАЦИЈА’ (?!) но тој сигурно нема да ѝ го одземе тоа право на овој начин. Во име на нашите ќерки, мајки, пријателки, во име на нас самите“, напиша Карлеуша, а видето го наслови како УЖАС.

Слични објави

(Фото) Жешко издание во долна облека – поранешната Мис Хрватска, Лаура Гњатовиќ, позираше за „Викторијас сикрет“

Еспресо

Бојана Тевчева повторно застана пред ТВ-камерите

Еспресо

(Фото) Нина Бадриќ објави селфи со Ејсап Роки: Ријана, јас го сфатив пред тебе

Еспресо

(Видео) Синот на Бени Шаќири има само 12 години, а веќе самоуверено владее со гитарата на сцената

Еспресо

Им забранувала и ги условувала соработниците? Откриено сè за тајната листа на Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Сестрата на Јелена Спенџарска покажа како го поминала летото со четирите деца: „Бевме презафатени живеејќи го“

К.С.
Се вчитува....