18:54 - 2 април, 2026

(Видео) Јелена Карлеуша на Нетфликс од Париз: Заеднички јазик со Георгина Родригез

По големиот успех кој го постигна по појавувањето на модната недела во Париз и откако прошета на модната писта, Јелена Карлеуша се најде на најпознатата филмска платформа „Нетфликс“!

Добро е познато дека поп-дивата запознала и се дружела со многу светски ѕвезди, а една од нив е манекенката Георгина Родригез, сопруга на фудбалерот Кристијано Роналдо.

Познато е дека двете диви брзо најдоа заеднички јазик, а заедно со деловната соработка се спријателија, а Јелена сега се најде во серијата на избраничката на Роналдо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Родригез објави епизода во која е прикажана неделата на модата во Париз „зад кулисите“, а една од ѕвездите која се најде во кадар е и Карлеуша.

Во една сцена Георгина ја фали креацијата на пејачката, истакнувајќи дека е воодушевена од нејзиниот талент и вкус.

– Вау, види го ова, колку е добро оделово! – вели Георгина.

– Тоа е нејзино – ѝ вели соработничката.

– Неверјатно, не ми се верува – вели партнерката на фудбалерот.

– Совршено е – се согласуваат и двете.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Јелена делови од серијата објави на Инстаграм со коментар:

„Никогаш не сум мислела дека ќе се видам себе случајно, гледајќи Нетфликс. Фала Георгина на убавите зборови. Документарецот ти е прекрасен!

 

Слични објави

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо
Се вчитува....