07:36 - 12 ноември, 2026

(Видео) „Јас го имам последниот збор дома“: Ленче и Горан Кукиќ открија интересни приватни детали

​Познатата музичка двојка Ленче и Горан Кукиќ, открија интересни детали од нивното секојдневие преку забавен квиз на искреноста. Иако на сцената се совршен тандем, приватно признаваат дека имаат различни темпераменти, но и рецепт за долговечен брак.
​
​Кога станува збор за емоциите и лутењето, Ленче беше првата што посочи кон себе, но и кон Горан.

​„Тој повеќе се лути, ама побрзо му поминува“, низ насмевка искоментира Ленче во опуштена атмосфера во емисијата „Магазин“ на ТВ Сител.

Горан веднаш се надоврза со потврда: „Да, јас брзо се лутам, ама навистина брзо ми поминува.“
​
​На прашањето кој е поголем трошаџија во домот, двајцата едногласно покажаа кон Ленче. Сепак, кога дојде ред на тоа кој го има последниот збор во куќата, Горан реши машки да „пресече“: ​„Јас го имам последниот збор! Што и да се случи, мојот последен збор е: ’Добро жено, нека биде така’, се пошегува Горан.

​Еден од најинтересните моменти беше откривањето на нивните утрински навики. Додека Горан сака мир, Ленче веќе го има испланирано целиот ден.

​„Горан секогаш вели: ’Јас сам ќе си пијам кафе доле’, затоа што јас уште од сабајле прашувам: ’А што е планот за денеска?’“, раскажува Ленче.

​Горан со насмевка објасни како изгледа тоа од негова перспектива: ​„Кај неа мозокот работи со полна пареа уште пред да се разбуди. Седнуваш на кафе и таа веќе почнува: ’Слушај, јас мислам денес ова да го решиме, она да го направиме…’“.

​Иако се долго време на естрадата, двајцата се согласија дека се исклучително точни и професионални. На прашањето кој почесто доцни на настап, одговорот беше краток и јасен: „Никој!“
​Сепак, кога станува збор за помнењето на текстовите на песните, Ленче е победник.

„Ленче подобро памти текстови, дефинитивно“, призна рече Горан и додаде дека тие се тим кој одлично се надополнува и по толку години заеднички живот и кариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)

Слични објави

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.
Се вчитува....