19.8 C
Скопје
16:30 - 12 март, 2026

(Видео) Гвинет Палтроу објасни зошто Оскарот го чува во двор: Еве за што ѝ се наоѓа

Американската филмска и телевизиска актерка, и бизнисменка, Гвинет Палтроу ја обиколи својата градина. Видеото го објави Вог на својот Јутјуб канал.

Гвинет Палтроу одговори на 73 прашања за магазинот „Вог“. Меѓу делови од градината, новинарите забележаа статуетка Оскар како со која ја потпира влезната врата.

„Каква убава награда Оскар“, ѝ рекла репортерката на „Вог“.

„Да. Мојата врата. Функционира совршено!“ – одговори Гвинет смеејќи се.

Во 1999 година, актерката доби Оскар за најдобра актерка во филмот Вљубениот Шекспир.

Гвинет Палтроу редовно споделува искрени фотографии на нејзиниот Инстаграм профил.

„Прифаќам опуштена кожа и брчки. Го прифаќам моето тело и се откажувам од потребата да бидам совршена, да изгледам совршено, да и пркосам на гравитацијата и логиката“, објасни таа.

Актерката дури направи и фотосесија во костим за капење во сауна. Во објавеното видео, 50-годишната Гвинет Палтроу демонстрираше како се масира со сува четка додека седи на клупа во сауна. Беше облечена во црн едноделен костим за капење, косата ѝ беше распуштена, а на лицето немаше шминка.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо

Александра Радовиќ собира средства за обнова на манастир од 15 век

Е.А.

Традиционален македонски рецепт за питулици со сирење

Еспресо

Ѓани итно хоспитализиран! Српскиот фолкер е примен на ВМА, соопшто неговата сопруга

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром: „Не е тој поинаков, ние сме“

Еспресо

(Фото) Романтично на изгрејсонце: Ване Маркоски покажа во каков поглед ужива од дома

msp-admin
Се вчитува....