3.8 C
Скопје
23:22 - 10 март, 2026

(Видео) Го „урна“ интернетот: Објавен официјалниот трејлер за продолжението на „Џокер“, Двајца во исто лудило

„Ворнер Брос“ го претстави првиот официјален трејлер за продолжението на филмот Џокер, Џокер: Двајца во исто лудило (Joker: Folie a Deux). Ова е многу очекуваното продолжение на оскаровецот „Џокер“ од 2019 година, кој заработи над милијарда долари на глобалниот бокс-офис.

Во Македонија, филмот ќе можеме да го гледаме од 4-ти октомври.

Во продолжението, Хоакин Феникс ја повторува неговата двојна улога на оскаровецот Артур Флек/Џокер заедно со оскаровката Лејди Гага (A Star Is Born). Таа ја играше улогата на Харли Квин.

Филмот ветува дека ќе нурне подлабоко во извртената психа на легендарниот лик, истражувајќи ги неговите чувства и мотиви.

Трејлерот е објавен на различни платформи, вклучително и на социјалните мрежи и на Јутјуб. Во него ги слушаме спикерите како зборуваат за злосторствата на Артур Флек, односно Џокер и за тоа како дел од општеството го смета за херој, додека го гледаме главниот лик како полицијата го води на судење. Улиците се полни со демонстранти кои го скандираат неговото име, а потоа ја слушаме Харли Квин, која ја игра Лејди Гага: „Кога првпат го видов Џокер, не се чувствував толку осамена“.

За кратко време најавата на продолжението на „Џокер“ собра над десетина милиони прегледи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Todd Phillips (@toddphillips)

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....