09:53 - 2 април, 2026

(Видео) Федерер се врати на скијањето по 15 години: Ужива во пензија, а ќе се појави и на Мет Гала

Роџер Федерер ги врати своите скии по 15 години, документирајќи го сето тоа со видео кое го сподели со своите над 11 милиони следбеници на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roger Federer (@rogerfederer)

„Поминаа 15 години, толку е убаво да се вратиш на падините“, напиша тенисерот кој неодамна се пензионираше, додавајќи го хаштагот „нови почетоци“.

Меѓу коментарите на објавата, исто така е и оној на две снежни легенди како Линдзи Вон („Да Роџер! Тоа е како возење велосипед“) и Бит Феуз („Дали има слободно место во вашиот тим?“).

Скијањето е голема љубов на Федерер, кој бил на скијачките патеки уште од мали нозе, пред конечно да се одлучи за тенис. Но, за жал, исто така и пред се поради тешката повреда на грбот, тој мораше да го прекине своето хоби и да се откаже од него на многу долг период. Конечно, сепак, сега, закачувајќи го рекетот, може да почне одново од каде што застанал иако тоа треба постепено да го прави. По операциите на коленото, всушност, барем во моментот тој не може да скија на посложените и покомплексни патеки бидејќи напрегањата на зглобовите со кои би се соочил сепак би биле премногу тешки за поднесување без да ризикува нова повреда. Не случајно веднаш по пензионирањето изјави: „Малку ми е страв да практикувам други спортови, бидејќи коленото сè уште не ми е добро“.

Инаку, неодамна беше објавено дека Федерер ќе гостува на годинешниот најголем моден настан во светот, Мет Гала, кој ќе се одржи во Њујорк на 1 мај, и тоа тенисерот ќе биде во друштво на Пенелопе Круз и Дуа Липа.

 

 

Слични објави

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски едвај се спасил

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо
Се вчитува....