18.8 C
Скопје
16:46 - 15 март, 2026

(Видео) „Една година не излегов од дома“: Јулија проговори за загубата на ќерката

Пејачката Јулија Мациевска проговори за тешкиот период по загубата на ќерката, уметницата Андријана Мациев која почина од рак на 12 мај во 2022 година.

Јулија искрено раскажа и кои луѓе останале со неа во тешките моменти, а кои ѝ се пријатели во наводници и што не можеле да ѝ простат луѓето, во поткастот „Беткаст“ на Канал 5 телевизија.

– Година дена од дома не излегов. Бев самата со себе, болката, јас, ни еден Господ меѓу нас. И тоа никој не може да го знае што доживува една мајка кога ќе го изгуби своето дете. Но, како ќе почнеш да се креваш, едноставно луѓето не можат да ти го простат тоа.

Имаш пријатели да речеме, пријатели во наводници, неколку души ми се бројат на рака коишто ми се вистински, што вистински ми помогнале кога ми било многу тешко и кога се кревав. А вистинските пријатели почнуваат да се гледаат баш кога се кревате постепено – рече Јулија.

Фото / Инстаграм

Андријана почина на 41-годишна возраст, по две години борба со ракот, единствено дете на пејачката и водителка Јулија Мациевска. Речиси цело Скопје, сите нејзини роднини, пријатели и познаници, низ болка се збогуваа со младата Андријана, која за жал, ја изгуби битката со ракот по долго боледување.

Фото / Фејсбук

Слични објави

„Ѝ посакувам…“ Поранешната снаа на Зорица Брунцлик проговори за здравјето на пејачката: „Таа е баба на моите деца“

Еспресо

Овие 5 хороскопски знаци имаат највисока емоционална интелигенција

Еспресо

Почина таткото на Спасен Силјановски, пејачот скршен од болка

Еспресо

Куќа на планина и два стана во Белград: Недвижностите на Гога Секулиќ вредат над 600.000 евра!

Еспресо

Драма на концертот на Јаков Јозиновиќ во Нови Сад: На едно девојче ѝ се слошило, обезбедувањето веднаш реагирало

Еспресо

Хороскоп за 15 март: Девиците треба трпеливо да ја чекаат својата шанса со саканиот

Еспресо
Се вчитува....