6.8 C
Скопје
09:36 - 1 април, 2026

(Видео) Еди Рама како холивудска ѕвезда – со страствен бакнеж ја изненади италијанската премиерка

Албанскиот премиер Еди Рама е главна тема во медиумите, откако се појави видео на кое се гледа како ја бакнува во образот италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Гестот на албанскиот премиер на неодамна завршениот самит на европските лидери во Молдавија крена голема прашина.

Во видеото Рама ѝ приоѓа на Мелони одзади, по што тој ја фаќа за вратот и силно ја бакнува во образот.

„Успеав да го овековечам моментот кога албанскиот премиер Еди Рама ја „нападна“ италијанската премиерка Џорџија Мелони“, напиша на Твитер новинарката Анета Захова.

Опозицијата го коментираше потегот на Еди Рама и порача дека премиерот се однесувал како холивудска ѕвезда на црвен тепих.

„Рама ја бакна Мелони, но не ја зголеми пензијата. Ние не сме против двајцата премиери да бидат пријатели, но што има за народот. Што се политичарите? Холивудските ѕвезди треба да се однесуваат така. Не гласате за политичари затоа што се популарни, туку за работа. Главната грижа овде се кликовите. Властите се здружуваат и гледаат кој има најмногу кликови“, изјави поранешниот претседател на Демократската партија Љуљзим Баша.

 

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....