18:50 - 25 јануари, 2026

(Видео) Дру Баримур покажа каков лом ѝ е домот, рафрлени алишта и хартии насекаде: „Фала што ни ја покажа твојата реалност“

Холивудската глумица Дру Баримур ја фотографираше преполната неуредна соба, со книги и хартии насекаде, и ја покажа неуредната бања и плакарот со алишта. На крајот таа покажа како изгледа собата по чистењето.

Покажете ми ја вашата соба пред и откако ќе ја исчистите. Почнувам прва, изјави американската актерка Дру Баримор (48) во видеото на ТикТок.

Дру ја сликала неуредната соба, насекаде имало книги и хартии, а ја покажала и неуредна бања и плакарот со рафрлени со алишта. Кога го снимила видеото, била во домашна облека и без шминка. На крајот таа покажа како изгледа собата по чистењето.

Глумицата со оваа објава повлече бројни позитивни коментари.

– „Дали нејзината куќа изгледа како нормална куќа? Не како куќа, туку како дом. Ова ме тера да ја сакам уште повеќе“, „Фала што ни ја покажа твојата реалност“, „Сакам што нејзиниот дом изгледа како дом, а не како уметничка изложба“, „Ја исчистив мојата куќа затоа што ја видов Дру како ја чисти нејзината“, „Благодарам што го споделивте ова’ – ова се само дел од коментарите.

Да потсетиме дека во 2016 година Баримор се разведе од актерот Вил Копелман (44) со кој има две ќерки Олив (10) и Френки (8). Разводот и бил тежок период, а утехата ја наоѓала во алкохолот. После тоа почнала терапија која и помогнала да се ослободи од зависноста. Таа, исто така, истакна дека благодарение на нејзиното ток-шоу „Шоуто на Дру Баримор“, кое започна да се емитува во 2020 година, има на што да се фокусира.

Слични објави

Откриено името на ќерката на Огњен Амиџиќ и Мина: Се поврзува со Богородица и е популарно низ целиот свет

Еспресо

(Фото) Актерот од најексплицитниот еротски филм е во Белград! Се обидува да ја освои Бресквица?

Еспресо

Сандра Африка ѝ е несудена снаа на Викторија Бекам: „Бевме со Бруклин во хотел во Дубаи“

Еспресо

„Ти си маестро, маестро мој“: Игор Џамбазов со емотивна објава за татко му Александар на четиригодишината од неговата смрт

Еспресо

Поминаа 45 години од раѓањето на Тоше Проески, нашата најголема музичка ѕвезда!

Еспресо

Хороскоп за 25 јануари: Биковите ја наоѓаат внатрешната сигурност, Стрелците добиваат поттик за нов чекор

Еспресо
Се вчитува....