21:39 - 5 април, 2026

(Видео) Брус Вилис танцува со ќерката, и покрај болеста изгледа среќно

Во видеото, Мејбел го започнува танцот со движење на колковите напред-назад, а Брус среќно ја следи. И покрај неговата тешка дијагноза, таткото на пет деца изгледа среќно и фит.

Сопругата на легендарниот актер Брус Вилис (67), Ема Хеминг Вилс, сподели видео на кое Брус и нивната ќерка Мејбел Реј танцуваат.

Видеото стана вирално, а обожавателите беа воодушевени кога го видоа Брус дека изгледа добро по неговата дијагноза афазија.

„Брус, колку ми е убаво што те гледам насмеан и среќен“, „Ти си супер“, „Срцето веднаш ми се загреа“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Да потсетиме дека семејството на Вилис објави дека актерот боледува од афазија, болест која го напаѓа мозочниот центар одговорен за говор, а следствено ја намалува способноста за разбирање или изразување зборови, читање и пишување.

 

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....