6.8 C
Скопје
06:04 - 31 март, 2026

(Видео) Бен Афлек изненади како зборува шпански: „Растури“, „подобро зборува од Џенифер Лопез“

Бен Афлек стана хит на социјалните мрежи додека го промовираше својот нов филм поради неговиот течен шпански јазик.

Имено, вчера на социјалните мрежи се појави видео во кое тој гостува во една емисија, каде зборува за деталите од неговиот нов филм „AIR“ и за причините зошто ликот на Мајкл Џордан не се појавува во филмот, бидејќи тој зборува за биографскиот филм на Џордан и соработката со брендот Најк.

Познатиот актер течно зборуваше шпански, а во еден момент не можеше да смисли шпански збор за ликот. Сепак, тој брзо се сети и во исто време јасно изрече: „Персонаје“.

@la_ser

🏀 #BenAffleck nos confiesa la única petición de #MichaelJordan para #AIR #película #cineentiktok #nike #marcas #basket #foryou #entrevista #curiosidades #airJordan

♬ sonido original – Cadena SER – Cadena SER

По ова интервју тој предизвика бројни позитивни коментари. Многумина беа изненадени, а некои корисници на социјалните мрежи напишаа дека тој подобро зборува шпански и од сопругата Џенифер Лопез, која е родена во Порторико, каде шпанскиот ѝ е еден од мајчините јазици.

За време на гостувањето во шоуто на Кели Кларксон во 2020 година, Афлек изјави дека зборува шпански пасивно, велејќи дека јазикот го научил кога имал 13 години, откако поминал една година во Мексико снимајќи телевизиска серија.

Овој 50-годишен актер потоа истакна дека неговата најстара ќерка Виолет, која ја има со поранешната сопруга Џенифер Гарнер, секогаш била заинтересирана за шпанскиот јазик, па често и помагал да го научи.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....