7.8 C
Скопје
21:11 - 31 март, 2026

(ВИДЕО) 7-годишната УКРАИНКА КОЈА ГО ТРОГНА СВЕТОТ, ја воодушеви публиката во Велс

Малата Амелија Анисович од Украина, која го трогна светот кога ја отпеа песната Let It Go во засолништето, ја воодушеви публиката на велшкиот хорски натпревар.

Седумгодишната Амелија стекна слава кога нејзиното видео од засолништето во Киев, каде што ја пее песната „Let it Go“ од филмот Frozen, стана вирално. Таа подоцна успеала да побегне во Полска со нејзиниот брат и баба.

Амелија во неделата беше гостинка во уметничкиот центар Абериствит, каде што ја отпеа украинската национална химна, како и нејзината омилена „Let It Go“. Публиката стана на нозе и ѝ се заблагодари со громогласен аплауз, а насмеаната Амелија им покажа кренат палец.

Малата Украинка неодамна даде интервју за Би-Би-Си во кое им се заблагодари на сите кои го пофалија нејзиното пеење.

„Ви благодарам што ви се допадна моето пеење. Вежбам пеење секој ден, наутро, попладне и навечер. Вежбам, затоа и испадна толку добро. Отсекогаш ми беше сон да пеам“, вели малата Амелија.

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....