7.8 C
Скопје
22:48 - 30 март, 2026

ДАЛИ ВИ СЕ ВЕРУВА ДЕКА ОВАА ЖЕНА ИМА 68 ГОДИНИ? Се прослави во 70-тите години, а и денес изгледа фантастично

Американската манекенка, актерка и претприемач Кристи Бринкли не ни помислува да се повлече од модниот свет на 68 години, а нема ни причина за тоа бидејќи се уште изгледа фантастично.
Таа го потврди тоа со својата нова фотографија на Инстаграм на која ја покажа беспрекорната фигура во едноделен син костим за капење.

„Благодарна“, напиша во описот на фотографијата на која се шета по песочна плажа, а сцената предизвика неверување кај нејзините обожаватели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christie Brinkley (@christiebrinkley)

„Изгледаш неверојатно!“, „Без мана“, „Кралица на костимите за капење“, „Совршена си“, „Прекрасна жена“, се само дел од комплиментите што ги доби, а потоа ја откри тајната на нејзината младоста.

Кристи покажа како изгледаат нејзините дневни оброци кои главно се базираат на многу свеж зеленчук и овошје и супер храна како чиа семето.

Сепак, во едно интервју за магазинот People таа призна дека оди на третмани со ксеомин, материја слична на ботоксот, но нагласи дека не претерува и го инјектира само во пределот помеѓу веѓите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christie Brinkley (@christiebrinkley)

Да потсетиме, Кристи беше на врвот на славата во 70-тите и 80-тите години на минатиот век, кога ги красеше насловните страници на познатите модни списанија и настапуваше на ревии на најголемите дизајнерски куќи, а беше нарекувана и една од најсексапилните и најубавите жени во светот. Иако некои тврдеа дека нејзината кариера ќе заврши кога ќе наполни 30 години, таа се уште работи.

– Премлада сум за да не работам и си ја сакам работата – изјави таа за The Times минатата година посочувајќи го проблемот со недоволното ангажирање на постарите жени во модната индустрија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christie Brinkley (@christiebrinkley)

– Во оваа индустрија работам последниве 47 години и таа со текот на времето се развиваше, но постарите жени се уште не се доволно вклучени во бизнисот. Жените ми велат дека се пронаоѓаат во оваа работа, сакаат да бидат елегантни. Сакаат да бидат забележани – заклучи таа.

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....