5.8 C
Скопје
06:30 - 1 април, 2026

Весна Змијанац итно оперирана: На пејачката ѝ вградиле три стентови

Српската пејачка Весна Змијанац била примена во Ургентниот центар пред неколку дена, а како што пренесува српски „Курир“ пејачката завршина на операција.

По првата медицинска помош, пејачката била пуштена дома, но поради повторно влошување на состојбата, лекарите ја вратиле во болница на дополнителни прегледи. Бидејќи нејзината здравствена состојба не се подобрила, нејзиниот престој во болница бил продолжен, а според српските медиуми,  била оперирана.

Како што открива изворот, Весна била подложена на реваскуларизација на една артерија, а интервенцијата била извршена поради итноста на ситуацијата.

– Лекарите мораа да реагираат и да ја извршат процедурата. Во таа прилика, ѝ беа имплантирани три стентови што го отпуштаат лекот – рекол изворот.

Тој објаснил дека пејачката имала сериозно стеснување, односно блокада на еден од клучните крвни садови на срцето, главното стебло на левата коронарна артерија.

– Со процедурата беше вратен нормалниот проток на крв, што спречува срцеви удари и ја подобрува срцевата функција. Инсталацијата на три стентови укажува дека стеснувањето било подолго или присутно на повеќе места – додал изворот.

Според неофицијални информации, операцијата успешно завршила,  а пејаката ќе биде под постојан надзор на лекарите во наредните денови со цел да се следи закрепнувањето и да се спречат евентуални компликации.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....