-2.2 C
Скопје
03:55 - 22 декември, 2024

Ведрана Рудан сурово против познатата пејачка: „Правна држава би им го одзела детето на гламурозните родители“

ведрана рудан

Писателката Ведрана Рудан во својата најнова објава на нејзиниот блог ја опфати темата на родителството и како пример ја наведе хрватската пејачка, која „сериозно ја поткачиле“.

Таа во својата објава на блогот со наслов  „Зошто ме продаваш, мамо“, жестоко ја критикуваше практиката јавно да се изложуваат малолетни деца, особено кога тоа го прават познати личности.

Како пример ја наведе хрватската пејачка Маја Шупут, која неодамна објави видео од нејзиниот син Блум како свири на тапани на нејзиниот концерт.

Рудан ова однесување го спореди со начинот на кои поединци ги искористуваат своите деца за просење, изразувајќи незадоволство поради тоа што некои родители ги искористуваат своите деца за сопствена промоција.

„Сите ние сме виделе на улица мрсулаво дете на возраст од пет-шест години како кон нас ја испружуваат својата мала рака и бараат од нас пари. Згрозени и вџашени, секогаш ќе се запрашаме што прават центрите за социјална работа и зошто малите робови не ги поместат од улица. На тие деца им е одземено правото на детство, правото на достоинство, а бездомните родители на невини суштества заработуваат за живот“ – сурово напиша Рудан.

– Овие сирачиња се скоро секогаш ‘Роми’, односно помалку вредни човечки суштества, ако воопшто се луѓе во перцепцијата на мнозинството, па никој не се грижи за нив. Одвреме-навреме градските татковци на поголемите градови прават рација, особено во центарите, и го отстрануваат „ѓубрето“ од улицата – напиша Рудан во свој стил.

– Какви чувства нè обземаат кога дете кое уште не наполнило четири години на сцена ќе биде клоцнато од најголемата хрватска „ѕвезда“ Маја Шупут, а потоа тоа дете за кое секој од нас знае сè, удира тапани на концертот на мајка си додека публиката воодушевено свршува – дирктно коментарот го упати на Маја Шапут.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by majasuput (@majasuput)

– За разлика од извалканите четворогодишни циганчиња кои просат пред врата на стоковните куќи, пред моловите…името секако не му го знаете, а јас поради почит кон сирачето нема да го спомнам, овој настапува облечен во дизајнерски крпи и поспан, околу полноќ, помагајќи им на мама и на тато да заработат некое евро повеќе – продолжува писателката, па запраша која е разликата меѓу ромско сираче и синот на Маја Шупут.

– Која е разликата меѓу сиромашното Ромче и малиот манекен? Не постои. И едното и другото дете, наместо да ужива во детството, заработува пари за неодговорните родители. Ако е ова правна држава, заштитничка на детските права, би им го одзела на гламурозните родители нивниот наследник и би го дала во добри раце – заклучува Рудан, па признава дека со години ја следи оваа приказна.

– Веќе со години ја следам оваа тажна и одвратна приказна и се прашувам кога конечно децата на нашите забавувачи и забавувачки ќе престанат да бидат робови во грабливите канџи на своите родители, кои со нивна помош, продаваат се што може да се продаде – наведува Рудан.

– Зошто е тргувањето со деца, кога „ѕвездите“ се во прашање, е потполно прифатливо, а тргувањето со малите Роми е еколошки и естетски проблем? Не ли е, кога зборуваме за тргување со деца, сосема сеедно  дали родителите ги продаваат размрсулавените дечиња со боја на чоколада или белите, намирисано парче на месо старо четири години – прашува Рудан.

 

Слични објави

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо
Се вчитува....