11:40 - 13 ноември, 2026

(ФОТО) Рита Ора се заколна на вечна љубов – „венчавката беше совршена“

Пејачката Рита Ора потврди за Heart Radio Breakfast дека стапнала на лудиот камен – се омажила за Таика Ваитити, режисер 15 години постар од неа.

„Да, се омажив. Официјално сум надвор од пазарот, луѓе. Решив да го задржам тоа приватно и повеќе за себе, но со мојот нов спот го прикажувам она што можеше да биде. Кога се појавија гласини за тоа дали се омажив, сакав да импровизирам и да си поиграм малку со сите тие натписи. Сакав да организирам свадба, но не одеше според планот. Се разбира, тоа не е така во реалноста“, додаде таа.

Ора вели дека нејзината венчавка била совршена.

„Точно беше како што сакав. Беше убава и совршена. Убаво е да чуваш некои работи за себе. Еден ден ќе направам голема забава.” изјави пејачката која се уште не одлучила дали ќе го земе презимето на нејзиниот славен сопруг. Дефинитивно размислував да го земам неговото презиме, но многу се трудев за ова име Ора. Не знам… Навистина сè уште не сум одлучила“, рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RITA ORA (@ritaora)

Слични објави

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо
Се вчитува....