7.8 C
Скопје
23:04 - 31 март, 2026

Вдовицата на Оливер Драгојевиќ добива брачни понуди: „Доцна си се сетил, Зоране!“

Весна Драгојевиќ, вдовицата на Оливер Драгојевиќ, признава дека дека по смртта на Оливер ѝ се додворуваат мажи, па дури и добила повеќе предлози за брак.

Весна и Оливер беа во брак 44 години, а по неговата смрт таа остана сама. Сега, во една емисија се присети како била повлечена и тивка во младоста, а со текот на времето станала многу посилна личност.

„На мажите секогаш им биле интересни други девојки. Но кога денес, и последнава година, ќе дојдам во Дубровник, гледам дека им е криво што така мислеле! Последниот пат, еден Зоран, што одеше со мене во исто одделение на училиште, јас бев вљубена во него, ми пријде кога имаше концерт посветен на Оливер, ми ја бакна раката…Доцна си се сетил, Зоране!“, раскажа во емисијата на Џулијан во вечерната емисија на Радио Далмација.

Потоа Весна призна дека има многу додворувачи, како и дека еден е толку упорен да ја запознае, што само го менува името на социјалните мрежи, а на секој профил остава иста фотографија.

„Во Инбокс почнаа да ми испраќаат брачни понуди, па веќе таму не ни отварам. Не отворам ни Фејсбук, не се јавувам веќе на никој. Еден се јавува, различни имиња, а секогаш иста фотографија, не сум јас блесава…“ – вели Весна со насмевка.

Сопругата на Оливер Драгојевиќ: Тој беше изгубен случај, јас го хранев

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....