6.8 C
Скопје
07:56 - 1 април, 2026

Важен детаљ во тестаментот на Бора Чорба: Откриено е што ќе биде со неговиот имот после смртта

Музичката легенда Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на групата „Рибља чорба“, во саботата беше испратен на вечното почивалиште во родниот Чачак, што воедно му беше последна животна желба на Бора – да биде погребан во Чачак. Музичарот го испратија неговото неутешно семејство, пријателите и многубројните колеги од забавната индустрија.

Бора почина во болница во Љубљана, каде што беше примен поради сериозни здравствени проблеми со белите дробови.

Многу се шпекулациите за наследството на Бора, дали и на кого го оставил имотот во тестамент. Неговата долгогодишна пријателка Мери Цакиќ за српска Република истакнува дека ќе настане голем хаос во семејството кога ќе се отвори тестаментот.

Бора Ѓорѓевиќ беше познат не само по музиката, туку и по бурниот љубовен живот. Со три брака зад себе, Бора помина многу пред да ја најде среќата и љубовта со Словенката Дубравка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Srećna Republika (@srecna_republika)

Најдолгиот и најзначаен брак во животот на Бора Ѓорѓевиќ беше со Драгана со која помина повеќе од триесет години. Тие двајца заедно го добија синот Борис, но ја одгледаа и ќерката на Драгана, Тамара, од првиот брак која Бора ја присвоил како своја ќерка.

За жал, нивниот брак заврши трагично, со смртта на Драгана. Оваа загуба секако остави длабока трага на Бора, но влијаеше и на неговата музика и креативност.

Како што прв напиша српскиот портал Република, Бора напишал тестамент во кој наменил се за наследниците и останатите членови на семејството, како што е вообичаено, а како што дозна Република, во тестаментот се споменува и пријател на Бора. Имено, рокерот наводно му оставил мала викендица која ја има долги години на пријател, во која оделе заедно. Тоа го направил затоа што остатокот од имотот секако му припаднал на најблиското семејство, а бил толку близок со тој човек што го сметал за дел од семејството.

„Тој пријател на Бора не се одвојуваше од него. Тие беа толку блиски што се нарекуваа браќа, а така ги нарекуваа и сите кои беа во нивно друштво. Бора одлучи таа викендичка да му ја препише нему, па така го ставил во тестаментот. Знаеше однапред што кому ќе даде, па ова беше и логичен тек на случувањата. Тој негов пријател беше толку скршен кога Бора почина, што не можеше да му дојде ни на погреб – открива изворот за српска Република.

Веќе се бара замена за Бора Чорба: Ѓорѓе Давид упати итен апел до Рибља Чорба

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....